Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро, ова денска на прес-конференција го истакна Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
-Без дозвола се гради бетонска база на самиот брег на езерото. Ваквото бесправно градење и непочитување на законите од страна на локалните моќници е возможно само во вистински режим, како овој на Зоран Заев и криминалната влада која ја предводи. Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен од страна на УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници. Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот, потенцираше Петкоска.
Таа додава дека бетонската база е опасност како за статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО, така и по Охридското Езеро, кое е природно богатство на Република Македонија.
-Ја повикуваме централната власт веднаш да превземе мерки за запирање на ова дивеење среде Охрид, и доколку во најкус можен рок ништо не се превземе, штетите ќе бидат преголеми и ненадоместливи. Законот е јасен и дециден. Дивеењето на урбаната мафија мора да запре. Мора да бидат превземени мерки согласно закон. Секој оној кој сега спротивно на закон го овозможува хаосот и градењето без дозвола ќе биде санкциониран кога ќе се врати владеењето на правото во Република Македонија, рече Петкоска.