петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Георгиески продолжуваат со предизборни активности, ДИК ова не смее да го толерира

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Георгиески продолжуваат со предизборни активности, ДИК ова не смее да го толерира

За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат. Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности, обвинува Перчо Божиновски, потпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

-Зошто не се почитуваат одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на забрана за активности пред официјалниот почеток на кампањата? Каква демократска држава е таа во која не се почитува членот 69 со што се нарушува начелото на демократски принципи на функционирање на изборниот процес? Државната изборна комисија апелираше, Георгиески и СДСМ одат спротивно на тоа. Георгиески веќе неколку денови е во придружба на партиски членови на СДСМ на јавни настани што е доказ дека Георгиески на настаните е присутен по партиска агенда. Ова е флагрантно кршење и непочитувње на законите, вели тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ Охрид велат дека Државната изборна комисија не смее да го толерира ваквото однесување на Георгирски и мора да го санкционира.

-Ги потсетуваме претставниците на ОБСЕ да го имаат предвид кршењето на одредбите на Изборниот законик и нарушувањето на демократските процеси. Георгиески ја потценува интелигенцијата на охриѓани. Наместо да води предизборна кампања што е спротивно на законот треба да понесе одговорност за неспособноста за правилно менаџирање на Општината и Јавните претпријатија. СДСМ и Константин Георгиески се кочницата за развојот на Охрид. Ветија многу работи, а не направија. Што побрзо си заминат од власт, а брзо ќе си заминат, тоа подобро за Охрид и охриѓани, порача Божиновски.