среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Градот конечно и дефинитивно е приоритет на новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, по победата на 12 април

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Градот конечно и дефинитивно е приоритет на новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, по победата на 12 април

Битола конечно и дефинитивно е приоритет на новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, по победата на 12 април, ова преку прес-конференција за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

-Битола, се поврзува со нов автопат со Скопје, Битола конечно добива и нова пруга со Грција. Идната опозиција – СДСМ, до сега во овие три години потврди, дека ништо не направи и не умее со капиталните инвестиции во Битола, а иако ветуваа во нивното владеење поинаков статус за Битола, од најградскиот и најубавиот град направија место кое, за жал, сакаат да го напуштат и тие што останаа во него. Потребна е Вашата поддршка, почитувани граѓани на Битола, потребен е силен активизам, конечно Битола да ја направиме достоинствен град и пристојно место за живеење.
Потребна е поддршка на новиот пристап и новите генерации во политиката, сега е време да се поддржат политичари кои зборуваат за одговорност, отчетност, реални проекти, правда, принципи и обнова. Политиканството е завршено – Вие, граѓаните сте вистински и реални наши партнери, врз Вашите потреби ги предлагаме проектите, со Вашето силно сојузништво и влегуваме во нивна реализација. Вие, граѓаните на Битола, заслужувате вистинско зголемување на платите,  пензионерите заслужуваат зголемени пензии, неопходно е намалувањето на даноците, а младите до 29 години заслужуваат да не плаќаат персонален дaнок, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека Битола добива нови инвестиции и нови работни места. Обновата на 12 април да ја започнеме ЗАЕДНО, тоа и го должиме на Битола, тоа секој од нас го должи пред себе, им го должиме на нашите деца, на идните генерации. Заедно, за обнова на 12 април