ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево денеска преку изјава за медиумите потенцираше дека СДСМ ветуваше модернизација на железничката станица во Кичево, но од тоа остана само уште една предизборна лага.
-Капиталните проекти се едни од најважните за развојот на економијата во Македонија. Еден од битните сегменти е и железничката инфраструктура, вклучувајќи ги тука железничките линии и железничките станици. СДСМ во нивната изборна програма „План за живот во Македонија“, на стр. 76 ветуваше соларни железнички станици во насока на модернизација за енергетска ефикасност на железничките станици.
За железничката станица во Кичево ветија дека тоа ќе се случи во втората фаза од проектот, но до денес нема ниту прва фаза, ниту пак е распишан тендер за вградување на ваков систем, а не се споменува ни во државниот буџет.
Еве во каква состојба е денес железничката станица во Кичево – руинирана и небезбедна, без ниту еден денар вложен за нејзина реконструкција. За споредба, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беа реконструирани повеќе од 60% од железничките станици во Македонија, а беа набавени и нови возови со што граѓаните добија поквалитетен железнички превоз. И што е уште потрагично, кичевчани во моментов имаат само една линија во денот до Скопје.
И уште едно нереализирано ветување од СДСМ за кичевчани, или уште една од многуте лаги – Изградба на пруга Кичево-Охрид-Струга-граница со Република Албанија – страна 196 од нивната програма за живот. Потоа најавуваа дека истата ќе биде готова до 2022 година, но ништо и од тоа ветување. Кичевчани паметат и единствено што бројат се лагите на Заев и СДСМ. Затоа, на наредните избори ќе заминат, а Македонија ќе биде обновена од луѓе способни за просперитна и богата Македонија!, потенцираат од партијата.