сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево: На државно земјиште приватна фирма изведува дислокација на канализациона постоечка мрежа без никаква дозвола

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево: На државно земјиште приватна фирма изведува дислокација на канализациона постоечка мрежа без никаква дозвола

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево преку статус на Фејсбук велат дека на државно земјиште приватна фирма изведува дислокација на канализациона постоечка мрежа без никаква дозвола.

„Самоволието и дивеењето со градежни активности во Кичево продолжува без никакви граници.

Имено два дена на локација во кичевската населба Кутлабица на државно земјиште приватна фирма ангажирана од приватно физичко лице изведува градежни активности и тоа дислокација на канализациона постоечка мрежа, без никаква дозвола, проект, согласност буквално без никаква документација.

Покрај тоа што овие активности се апсолутно против сите законски одредби, со нивното изведување директно се доведени во опасност неколку поголеми населби и индустриски објекти кој што се приклучени на оваа мрежа.

Апел до сите надлежни институции да превземат мерки овие активности под итно да прекинат“, стои во нивниот пост на Фејсбук.