ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп преку прес-конференција денеска јавно го праша градоначалникот Илија Јовановски која фирма гради хотел во градскиот парк во Прилеп?
-Веќе еднаш прашавме, но не добивме одговор, па затоа одново го прашуваме градоначалникот Јованоски: Која фирма гради хотел во градскиот пазар во Прилеп? Дали е вистина дека изградба на ваков тип на објект не е предивден со урбанистичките планови на општината? Како и на кој начин доделувате дозволи за вакви градби и дали можеби вие лично имате интерес од ваков објект? Ако сте заборавиле ќе ве потсетиме што ветувавте за градскиот пазар во вашата изборна програма, потенцираат тие.
Од општинскиот комитет додаваат дека ветивте изградба на модерен комплекс, односно затворен пазар со затоплување и ладење, каде приоритет ќе имаат пазарџиите.
-Па ве прашуваме каков приоритет ќе имаат пазарџиите од хотелски апартмани, освен доколку не им ги издавате бесплатно да одмараат во текот на денот? Покрај тоа ветивте изградба на подземна сообраќајница, како и посебен подземен паркинг во пазарот. Добро би било наместо ваков крупен залак кој тешко дека можете да го реализирате, за почеток да поставите подземни контејнери насекаде низ центарот на Прилеп, истакнуваат од партијата.