Неспособноста на градоначалникот во опасност ја доведе цела населба. Ќе достигне ли мостот во Сточен пазар 1 милион евра?
Во изминатиот период во повеќе наврати алармиравме за изградбата на овој мост тука во населбата Сточен пазар, а власта на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски ги игнорираше сите предупредувања, ова денеска преку изјава го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.
-Мостот кој се гради веќе втора година, а неговата изградба никако не започнува, вчера дури стана потенцијална опасност за целата населба и ќе беше причина за поплавување на куќите во оваа населба и големи штети за граѓаните.
За целото време додека ВМРО-ДПМНЕ апелираше, Јованоски и општината овде изигруваа големи градежници и ветуваа најубав и најголем мост.
Во мај месец градоначалникот пред вас медиумите истакна дека изградбата ќе заврши за 4-5 месеци, а денеска гледаме дека работите воопшто не се мрднати од мртва точка. Наместо нов мост, сега општината ја забрани за сообраќај на оваа улица во траење од 60 дена, што ќе биде дополнителен проблем за одвивање на товарниот сообраќај во Прилеп. Потсетуваме дека првичниот договор за изградбата на овој мост чинеше 500.000 евра, а пред неколку месеци градоначалникот потпиша и анекс на договорот за дополнителни 14 милиони денари. До каде ќе оди забеганоста во трошење на народните пари на оваа ненародна власт?
Ќе достигне ли ова мовче сума од 1 милион евра како и четирите автобуси болиди? Сите овие случувања не’ наведуваат нас и граѓаните да мислиме дека единствената и главна цел за изградбата на овој мост е само перење на пари и ништо повеќе од тоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.
Неспособноста на градоначалникот во опасност ја доведе цела населба. Ќе достигне ли мостот во Сточен пазар 1 милион…
Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Friday, August 7, 2020