ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп преку видео изјава потенцира дека Горан Сугарески тогаш кога имаше можност да направи нешто за Прилеп, тој му ја направил најголема штета на градот.
-Горан Сугарески е продолженија на приказната Илија Јованоски, значи прочитана приказна. Прочитана приказна заради тоа што и едниот и другиот како и раководството на партијата од која што потекнуваат се синоним за не работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.
Од таму додаваат дека доктор Борче Јованоски и Дејан Проданоски се луѓето кои што од првиот ден ќе започнат со работа и заедно со прилепчани ќе ги остварат најголемите победи во наредните четири години.