сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Во недела ќе гласаме за горда, достоинствена, просперитетна Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Во недела ќе гласаме за горда, достоинствена, просперитетна Република Македонија

Во недела ќе гласаме за горда, достоинствена, просперитетна Република Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Во недела ќе ставиме крај на политиките од транзицијата,политиките на лаги и предавства. Големите веѕувања на сдс се претворија во огромни лаги.Излажени се сите:ученици,наставници,студенти,професори, земјоделци, работници, пензионери, лекари. Ништо од 600км автопати, нема 500евра најниска плата,нема повисоки пензии, нема 100.000 ден. плата за лекарите, нема повисока капитација за стоматолозите, сметките за вода наместо ветените 20% пониски, се повисоки за 60%. Во Прилеп нема ниту една нова инвестиција, ниту една нова фабрика,ниту едно ново работно место, поради што младите се иселуваат од градот како никогаш претходно. Наместо живот за сите, за 2години донесоа пекол. Во Прилеп владее криминалот, злосторничко здружение на сдс како што сами ни кажаа. Во Прилеп царува непотизмот, митото и корупцијата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Од партијата додаваат дека ги истргуваа уставното име, идентитетот, историјата со ветување за европска иднина. Но, еве видовме дека и тоа било лага. Во ЕУ не се влегува со променето име, обезимена и обезличена држава. Во ЕУ не не сакаат без реформирано судство, образование, здравство во кое секој ден умираат луѓе од обичен грип. Во ЕУ не се влегува со метла и партиско ѓубре, за таму треба многу работа!