Запрепастени сме од настапот на директорот на средното училиште „Коле Нехтенин” кој со закани сака да го спречи најавениот протест на средношколците поради укинување на организираниот превоз и без трошка срам и вели дека е забрането малолетници да протестираат и ако протестираат ќе бидат казнени со 500 евра, ова денеска преку прес-конференција за јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.
Снимка од заканите на Директорот осамна ова утро на неколку интернет портали,а и ние би сакале да ја презентираме со цел сите граѓани да слушнат како локалните фунцкионери на СДС кои треба да ги учат учениците на принципи и вредности, им се закануваат бидејќи нивната партија носи погрешни одлуки на штета на младите. Бараме одговорност за ваквиот однос на Директорот на училиштето бидејќи правото на протест е основно човеково право, загарантирано со устав и никој нема право да го ускрати. Ги повикуваме и сите надлежни институции да реагираат на овие притисоци кон средношколците кои се спротивни на сите мегунарадни стандарди за изразување и мирен протест. Вака не треба да се постапува со иднината на нашата земја,но очигледно е дека локалните фунционери на СДС се во паника поради извесниот пораз кои им следи на 12 април,па не разликуваат партиски штаб од училиште, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.
Тие додаваат дека со закани и притисоци нема ништо да постигнете, младите се авангарда и наскоро ќе се уверите во тоа. По 12 април доаѓа правда за сите,и ќе има одговорност!