Бројните реакции на работниците во Баргала и други локални фирми, не го активираат алармот на власта за покренување на санкции за прекршувањето на правата на работниците. Иако владеачката СДСМ се правда и навидум „ги штити“ правата на работниците, сепак, праксата и реалноста покажуваат друго, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.
-Имено, Здружението Гласен Текстилец неколку пати посочува дека постојат дури 200 тужби на работници за нарушување на нивните права, во делот на исплатени плати и придонеси. Меѓутоа, овие предмети не се процесуирани, па недвосмислено се поставува прашањето дали за тоа е одговорен претседателот на судот, кој е прв братучед на претседателот на СДСм во Штип-Александар Кангалов? Дали раководството на СДСМ проблемот на работниците во Баргала гледа да го скрие „под тепих“, единствено затоа што е фамилијарна компанија на пратеникот од СДСМ – Сашко Николов? Ова се само дел од прашањата кои имаме да ги поставиме на оваа власт, но и на локалното раководство на оваа тиранска и тоталитарна партија, стои во партиското соопштение до јавноста.