недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Наместо развојни политики и капитални инвестиции, нашата општина две години тоне во безидејноста на Градоначалникот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Наместо развојни политики и капитални инвестиции, нашата општина две години тоне во безидејноста на Градоначалникот

Наместо развојни политики и капитални инвестиции, нашата општина две години тоне во безидејноста на Градоначалникот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Градот за две години не се преплави со енергија која доликува да ја донесе млад човек, туку за се вративме во друго време, на кое и постарите веќе заборавија. Половина од мандатот измина, а ние останавме без ветените проекти.  Срамни и недостоинствени се бедните промоции за асфалтираните површини во нашиот град изразени во милиметри. Мизерни се најавите за брана на р. Отиња, кога знаеме дека не може да заврши 200 метри речно корито.  Јалови се обидите да ја замајува јавноста дека нашиот град наликува на градилиште, кога две години не може да постави мост на река Брегалница. Штипјани се уморија од политичари кои се силни на зборови, а слаби на дела, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Од партијата додаваат дека овој Градоначалник ќе остане симбол за лажни вести и ветувања, а потврда за тоа се жичарата на Исарот и најголемиот аквапарк.