понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Да го заокружиме бројот 2 и да зададеме уште поголем удар, бидејќи тоа и е потребно на нашата татковина

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Да го заокружиме бројот 2 и да зададеме уште поголем удар, бидејќи тоа и е потребно на нашата татковина

Најнапред сакам да Ви ги честитам велигденските и првомајските празници со искрени желби за подобар и подостоинствен живот. Во недела Македонија ќе одлучи дали сакаме да бидеме тоа што сме Македонци, дали сакаме да живееме во државата во која сме раснеле и државата во која ја гледаме нашата иднина или пак сакаме да живееме во обезличена, поделена, ново создадена творба која се темели на законот на силата, уцените и заканите, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

-Сосем блиску сме до враќањето на достоинството. Сосем блиску сме до будењето на македонскиот народ. Сосем блиску сме до патеките по кои одеа нашите предци.Верувам дека вашата одлука е веќе донесена, одлуката во првиот круг во Општина Велес покажа сама по себе дека ние си ја сакаме нашата држава. Партијата на власт во овој период помеѓу двата круга води кампања која се базира на заплашувања и уцени. Ве заплашуваат со нешто што поминало без притоа да имаат доблест да се извинат за нивните штетни одлуки без да го оправдаат нивното неработење и одење напред кон амбисот без да кажат за секојдневните неправди, криминали и непотизам. Ве плашат со минато време за кое еднаш народот го казни ВМРО-ДПМНЕ со губењето на локалната власт. Но за волја на вистината ниту еден клинец од тогаш не е закован и ниту една инвестиција не е отворена. Овие две години ги гледаме како се уште глумат опозиција за се наоѓаат виновници во минатото и ги гледаме секојдневно како се задолжуваат, во очи ве лажат. Ги гледаме дека освен со розови наочари поинаку не знаат. Не умеат од својата ароганција да го видат пустошот што го прават. Не умеат да ги видат стотиците затворени дуќани во градот. Не умеат да го согледаат намалувањето на бројот на учениците од образовните институции поради масовното иселување, потенцира Здравковски.

Тој додава дека токму затоа во недела на 5-ти мај ден Ѓурѓовден тие ќе си го ожнеат тоа што си го посеале. На 5-ти мај ќе им ги симнеме розевите очила.

-На 5-ти мај сите заедно ќе им кажеме на народот му фали правда и правдина. Ќе кажеме дека не е доволно само да си ја свиткаме кичмата пред соседите и да лажеме дека така ќе влеземе во ЕУ. За да не примат во ЕУ треба работа, посветеност, искреност и реформи. Првата реформа ќе биде назначувањето на искрен и достоинствен кандидат за претседател на Република Македонија, претседател кој ќе се бори за право и правда за својата држава, а не што ќе се заканува на нејзините граѓани. Ве повикувам масовно да и дадеме поддршка на професорката Гордана Сиљановска Давкова, да го заокружиме бројот 2 и да зададеме уште поголем удар од оној од пред две недели бидејќи тоа е потребно на нашата татковина, истакнува Здравковски.