четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Петтиот мандат на локална власт на СДСМ во Струмица настапи со многу ветувања за струмичани, но до денес нема ништо од тоа

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Петтиот мандат на локална власт на СДСМ во Струмица настапи со многу ветувања за струмичани, но до денес нема ништо од тоа

Петтиот мандат на локална власт на СДСМ во Струмица настапи со многу ветувања за струмичани. Ветувања за изградба на нова инфраструктура; ветување за инвестиции во стопанството; ветување за подобар живот на граѓаните. Иако време за реализација има, сепак до сега во општина Струмица нема почеток на ниту еден поважен проект, ова денеска преку прес-конференција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица.

-Денеска, го прашуваме Градоначалникот Костадин Костадинов:

До каде е Изградбата на модерно булеварско решение на булевар Климент Охрдиски – од Жито Струмица – до Терминал? Ова ветување на граѓаните го видовме во неколку предизборни програми на СДСМ. До каде е изградбата на модерно булеварско решение на потегот од булеварот Климент Охридски од Автобуска станица што преку мост ќе се спои со улица во Индустриска зона? Понатаму, до каде е Изградба на нов Булевар ,,23 Октомври” покрај Свети Илијски Порој за поврзување на новата населба од поранешната касарна и населбата Суфилар. Овие комуникациски линии на Струмица треба да значат помош за стопанството и да бидат нов урбан лик на градот, велат од таму.

Од општинскиот комитет додаваат дека но, за жал, наместо нови почетоци, сведоци сме на крпење дупки и грешки од минатото.

-Наместо да се градат темели за нов почеток, овде со земја се потрупуват фонтаните во центарот на градот, за кои порано се потрошени суми на пари од струмичани. Нашиот народ рекол: По утрото денот се познава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.