Во Делчево гласањето за предвремените парламентарни избори почна навреме и се одвива во најдобар ред. Утрово на гласачкото место „Св.Климент Охридски“ каде гласаат граѓаните на избирачките места од 0580 до 0583 беше забележлива раздвиженост, особено на лица од повозрасната популација кои рекоа дека немале никакви проблеми при гласањето.
-Гласавме највообичаено, прво се дезинфециравме, потоа ни извршија проверка на личната карта, па го добив гласачкото ливче, на десниот палец ме испрскаа со флуоросцентна течност и отидов гласав, по што го ставив ливчето во кутијата. немаше некоја разлика од претхподните гласања освен што носев маска, изјави граѓанка која меѓу првите го оствари своето право на глас.
Претседателот на Општинската изборна комисија Владимир Петровски. информираше дека во текот на вчерашниот ден од пријавени 335 болни и изнешотени лица своето право на глас го оствариле 292 лица.
-Исто така вчера гласаа и 2 лица кои се на издржување на мерката куќен притвор. Со Ковид-19 немавме регистрирано гласачи. За денешниот ден обезбедени се сите услови за безбедно гласање на сите 36 избирачки места, како во градот така и во руралните средини, рече Петровски.
Апелираше граѓаните да излезат масовно и да го остварат своето право на глас. Во Делчево денес ќе можат да гласаат вкупно 14.680 граѓани.