При изведување градежни работи во дворот на сопствената куќа, Н.А.(47) од село Романовце пронашол една минофрлачка мина калибар 82мм од Втората светска војна.
Случајот го пријавил во СВР Куманово, по што пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Куманово ја подигнал пронајдената експлозивна направа за натамошна постапка.