Во Гевгелија излезноста до 17 часот е 52,35 отсто. Вкупно 10.008 гевгеличани излегле на гласачките места и во фер, демократска и мирна атмосфера го дале својот глас на вонредните парламнтарни избори, потврдија од ОИК Гевгелија.
Од ОИК Валандово соопштија дека до 17 часот на гласачките места излегле 4.558 граѓани со право на глас, или 46 отсто од запишаните гласачи.
Во Општина Дојран до 17 часот излезноста е 46,4 отсто, а во Општина Богданци 40 отсто. (МИА)