Во општата болница во Гевгелија, викендов се роди здраво машко бебе, првородено бебе годинава на среќните родители Ивана и Томче Чабулеви од Гевгелија, кои се радуваат на својата трета рожба.
Директорот на општата болница, Митко Крџев во оваа прилика истакна дека во Гевгелија веќе има доволно гинеколози и искусни медицински сестри за успешни породувања на родилките.