петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во Гостивар четири лица го прекршиле полицискиот час

Во Гостивар четири лица го прекршиле полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие според евиденцијата на СВР Тетово, на гостиварското подрачје, забраната за движење, ја прекршиле четири лица. Тие се лишени од слобода и ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Во два хотели во Маврово во карантин се наоѓаат 133 лица кои претходно допатуваа од странство, а во самоизолација се наоѓаат 72 лица.

Полицијата во Гостивар спровела редовни контроли контроли кај лица во со решение на државен и здравствен иснпекотрат за изолација и самоизолација.

Изминатата недела (од понеделеник) во општина Гостивар нема нови случаи кои биле позитивни на КОВИД 19 и вкупната бројка останува на пет инфицирани. Последните три случаи се однесуваат на жители од соседната општина Врапчиште, а тестирањата ги направил гостиварскиот центар за јавно здравје.