среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во гостиварско до 11 часот излезеноста надминува 5 отсто

Во гостиварско до 11 часот излезеноста надминува 5 отсто

Според последните информации од трите општински изборни комисии во гостиварскиот регион до 11 часот на избирачките места излегле над 5 проценти од запишаните избирачи.

Во општина Гостивар до 11 часот на гласање излегле 4.457 лица, односно 5,64 отсто.

Од вкупниот број на гласачи во Маврово Ростуше – 9.672, на референдумот се изјасниле 524 граѓани, односно 5,42 отсто.

Во полошката општина Врапчиште до 11 часот излегле 1.120, односно 4,40 отсто од 25.454 граѓани со право на глас.

МИА