За една година општина Карбинци направи нова техничка документација и од денес официјално се обезбедени и финаниски средства за Реконструкција и доградба на ПОУ во Таринци, истакна Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци.
„11.000.000 денари обезбедивме од министерството за Локална Самоуправа од програмата за намалување на диспаритетите каде што и општината ќе има свое кофинансирање.
Веќе по завршувањето на оваа учебна година ќе се започне со реализација, а од следната учениците ќе продолжат во нова училишна зграда со европски услови и стандарди.
Следни училишта каде ќе следи реконструкција и се во постапка се училиштата во Радање и Долни Балван.
Ветивме и ги реализираме клучните проекти“ – вели тој.