Во Кавадарци ќе се поставуваат табли со еколошки пораки, со поддршка на Ротари клуб, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
-Градоначалникот оствари средба со претседателот и претставници на Ротари клубот Кавадарци, во придружба на Ротари Дистрикт 1912 Словенија & Македонија, гувернерот Душан Петеркович и координаторот на Сојузот на Ротари клубови на Македонија, Сашко Целаковски. На состанокот се разговараше за досегашната соработка на РК Кавадарци и општината Кавадарци, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Од кабинетот на Јанчев појаснија дека за следниот период, се најавува реализација на два проекта во областа на екологијата.
-Значи поставување на табли со еколошки пораки како и креирање на Дендро парк Кавадарци со вредност од 300.000 денари. Тој ќе биде реализиран во паркот на револуцијата со целосна поддршка на Ротаријанците, а ќе биде прв заеднички меѓунареден проект на збратимените Ротари клуб МЕДАНА – Горишка, Словенија и Ротари клуб Кавадарци, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.