Пожарникари спасија гулаб замотан со ногата во најлонска ќеса, заглавен на високо дрво пред зграда во Кавадарци. За проблемот со птицата алармирало семејството Дишлиевски.
-Мојата ќерка Галина која има пет години, прва примети од терасата дека има заглавен гулаб на дрво пред зграда и посака да го спасиме, но не можевме ништо да направиме, поради тоа што беше многу високо. Се јавив во Противпожарната во Кавадарци. Оттаму дојдоа и го спасија гулабот, кој беше замотан со најлонско ќесе на ногата, за МИА појасни таткото Давор.
Гулабот бил заглавен кај Силекс зградите, Ваташа.