КСП ПОДИУМ – Јадро денеска организира работилница за изработка на оригами. Деца од сите возрасти ќе имаат можност да се запознаат со оваа традиционалната јапонска вештина, да дознаат повеќе за историјата на нејзината техника и да се забавуваат.
Работилницата ќе се одржи во познатото музичко парче (парк Полана) во Кавадарци, а целта е е да се развие креативноста и моторните движења кај младите, тренирање на меморијата и логичното размислување, учење да го концентрираат вниманието.
Децата низ работилницата ќе ги води Афродита Николоска, дипломиран моден дизајнер. Тие ќе научат да изработат оригинални фигури и форми од хартија – животни, цветови, декоративни предмети, ќе добијат шема со детална инструкција од оригамите кои ќе ги изработат и мали подароци од организаторите.
Николоска е родена во Скопје. Оваа година ги заврши своите додипломски студии во Санкт Петербуржската државна академија за уметност и индустрија именувана по А. Л. Штиглиц, факултет „Дизајн“, смер „Моден дизајн“, каде ќе ги продолжи постдипломските студии. Љубовта кон техниката оригами ја негува уште од детството. Многугодишното искуство на правење оригами и помогнало да ја совлада оваа техника, и многукратно и послужило како инспирација за проекти и модни колекции.
Оригами („превиткана хартија“) е јапонска техника на виткање и обликување хартија, вид ракотворба погодна и за деца и за возрасни.