среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Кичево плива отпад во реките: Институциите не превземаат одговорност

Во Кичево плива отпад во реките: Институциите не превземаат одговорност

Плива отпад во Зајашката и Туинската река кои се влеваат во реката Треска.
Снимките на ТВ21 покажуваат дека на одредени локации во некои села каде поминуваат реките има и паднати дрва кои ги задржуваат отпадоците, што може да предизвика поплави кога има пообилни врнежи од дожд. Но ова не е сѐ. Во овие реки покрај разниот отпад, се влеваат и отпадни води, а пак локалните мештани од овие реки ги наводнуваат нивните земјоделски посеви, пренесува ТВ21.

ТВ21 контактираше со Комуналното општинското претпријатие, но од таму велат дека чистењето на реките е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање. Од министерството, пак, велат дека согласно Законот за води и Законот за локална самоуправа, општините се надлежни за обезбедување системи за водоснабдување, собирање и одведување на урбаните отпадни води кои се слеваат во реките.

Став побаравме и од АД Водостопанство на Република Македонија, но и по една недела не добивме никаков одговор. Некои делови од реките кои се најзагрозени мештаните ги исчистиле самоиницијативно , со цел да спречат да дојде до поплави и да го избегнат ризикот од ширење на заразни болести.