На подрачјата на ОВР Крива Паланка и ОВР Кратово на 16/17.01.2021 преземени се мерки и активности и констатирано е дека 75 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, еден возач управувал возило пред да се стекне со право за управување на моторно возило, а тројца биле под дејство на алкохол.
Од сообраќај биле исклучени и четири возила поради непочитување на сообраќајните прописи. Санкционирани се и други 12 прекршоци.