Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Крива Паланка санкционираа 33 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени и 5 возила поради други прекршоци. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.