На едно избирачко место во струшкото село Лабуништа гласањето е продолжено за речиси три часа.
Претседателот на Општинската изборна комисија, Минир Жута, информира дека ваквата одлука е донесена поради ненавремено почнување на изборниот процес утрово.
-Поради проблем со апаратите за отпечатоци, на едно избирачко место во Лабуништа гласањето почна подоцна и затоа сега се продолжува до околу 22 часот, изјави Жута.
Во Останатите 100 избирачки места гласањето, според него, е завршено во 19 часот. Освен проблемите со апаратите за отпечаток на прстот, други проблеми не се регистрирани во Општинската изборна комисија.