Во Општина Лозово денеска новиот градоначалник Бошко Цветковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ го прими уверението за функцијата од претседателот на ОИК на Лозово, Ванчо Пешевски.
Уверенијата им беа врачени и на членовите од новиот Совет на Општина Лозово од кои тројца се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, тројца од коалицијата на СДСМ, еден од ТМРО, еден назависен и еден од ДОМ.
Како што информира за МИА, новиот градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, денеска не дошло до средба и физичко примопредавање на функцијата меѓу него и досегашниот градоначалник Ацо Велковски од коалицијата на СДСМ, бидејќи тој не дошол на свеченоста.
-Ми беше оставен само лист од него и тоа што ми остава од движен имот во канцеларијата на Општина Лозово.Тој не дојде да поразговара со мене и физички да ми ја предаде функцијата, како и да ме информира што се’ од започнати проекти ми остава, појасни новиот градоначалник Цветковски.
Тој најави дека идната недела ќе се одржи и конститутивна седница на Советот на Општина Лозово.
Инаку, новиот градоначалник досега работеше во Министерството за информатичко општество и администрација во Скопје, а има завршено два факултети Применета политика и дипломатија, а на Правниот факултет специјализирал во делот на казнено право.