Во Македонски Брод како и во првиот и во вториот изборен круг се бележи рекордна излезност на граѓаните, а најдобра потврда е процентот на гласачите 51,54 отсто, кои до 15 часот го оствариле своето демократско право на глас.
-Излезноста во општина Македонски Брод и понатаму бележи рапиден пораст. Во нашата општина до 15 часот гласале вкупно 2 564 граѓани, што во проценти изнесува 51,54 отсто. Немаме никакви проблеми на избирачките места и се функционира според планираното. И во преостанатите неколку часа до затворањето на избирачките места, очекуваме се да протекне во најдобар ред, а излезноста да продолжи да расте, изјави Лена Милошеска од ОИК за оптшина Македонски Брод.