среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Македонски Брод до 17 часот гласале 3.289 гласачи од вкупно 4.978

Во Македонски Брод до 17 часот гласале 3.289 гласачи од вкупно 4.978

Во Македонски Брод со последниот направен пресек во 17 часот гласале 3289 избирачи од 4978 колку што се запишани во Единствениот избирачки список.

-Во нашата општина континуирано расте излезноста на избирачи во текот на вториот изборен круг. До 17 часот, своето демократско право на глас го искористија 3289 избирачи од 4978 колку што се запишани на Единствениот избирачки список, изјави претседателот на Општинската изборна комисија Живко Столески.

Тој очекува излезноста во вториот круг да биде како во првиот круг кога гласале над 73 проценти од гласачите.

– Целокупната операција се одвива најнормално и очекуваме до затворање на гласачките места во 19 часот, овој процес да заврши во склад со прописите, истакна Столески.

Во вториот круг од локалните избори во Македонски Брод за градоначалник се избира меѓу Жарко Ристески од ВМРО- ДПМНЕ и независниот кандидат Ацо Новески. По првиот изборен круг, предност од 220 гласа има кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата.