На половина час пред затворање на избирачките места, во општина Македонски Брод излезноста е поголема споредено со првиот изборен круг. До 18:30 часот во оваа општина гласале 75,91 остсто од избирачите запишани на единствениот избирачки список.
-Иако се уште гласањето во наша општина не е завршено, излезноста на гласачите е поголема споредено со првиот изборен круг и уште во 18:30 часот беше регистрирана рекордна излесност на гласачите од 75,91 отсто. Гласаа 3779 граѓани, што е една од највисоките бројки забележани во сите општини во земјава. Ако се има во предвид дека од овој пресек преостана уште половина час, до затворање на избирачките места излезноста ќе биде уште поголема. На избирачките места има граѓани кои допрва ќе гласаат, а гласачките места ќе бидат отворени се дотогаш додека затекнатите лица во просториите за гласање не се изјаснат, рече Лена Милошеска, од ОИК за Македонски Брод.