Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (09.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид, при што санкционирани се 52 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената.
Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.