Во пелагониските општини Могила и Новаци, кои територијално припаѓаат на Изборната Единица-4, изборниот процес се одвива непречено и без забелешки.
Претседателот на ОИК Могила Славко Велевски информира дека на 23 избирачки места од евидентираните 5.307 граѓани, до 19:00 часот гласале 55,9 отсто, додека пак претседателот на ОИК Стефче Стефановски потврди дека на 24 избирачки места од 2.928 граѓани со право на глас до 19:00 часот тоа право го искористиле 64 отсто од тамошните жители со право на глас. (МИА)