недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Пехчево реализирана акцијата ,,Едно капаче, една надеж”

Во Пехчево реализирана акцијата ,,Едно капаче, една надеж”

Во градот Пехчево успешно е реализирана акцијата „Едно капаче, една надеж”, која се спроведе по иницијатива на Здружението за жени на овој град. Како што информираа од Здружението собрани се 76.000 пластични капачиња со вкупна тежина од околу 380 килограми.

-Во акцијата која се реализираше во соработка со Пакомак, самите граѓани вклучувајки ги и младите и вработени во фирми и сите оние на кои им е важно да ја одржат животната средина, досега собрани се 32 вреќи со капачиња, со вкупна тежина од 380 килограми. За Пехчево ова е голем успех ако се има предвид дека е еден од градовите со најмалку жители во нашата земја, истакнаа од Здружението.

Оттаму потенцираа дека целта на акцијата била се соберат што повеќе пластични капачиња, кои наместо да завршат во отпад и на депониите ќе бидат спроведени во рециклажната мрежа на Пакомак.

-Околу 75.000 собрани капачиња е резултат кој е навистина импресивен и затоа продолжуваме со нашата заложба за почиста околина и воспоставување на добри еко-навики, како и ширење на солидарноста за ранливите граѓани од Пехчево, додадоа од Здружението.

Претходно преку Здружението на жени, Пакомак обезбеди донација за помош на граѓани од Пехчево.