четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Поречието 14 села се трет ден без струја

Во Поречието 14 села се трет ден без струја

Веќе трет ден 14 села во Поречието во Македонски Брод со околу 400 жители се без електрична енергија поради големите оштетувања на далноводот. Што се однесува до состојбата со снег и проодноста, нема завеани села и екипите и денеска се на теронт и расчистуваат.

Според градоначалникот на Македонски брод, Жарко Ристески, чекаат информации од ЕВН кога ќе добијат струја жителите од 14-те села во Поречието.

– Во моментов без електрична енергија се 14 села во Поречието, веќе трет ден поради дефектите на далноводот. Од ЕВН ни велат дека екипите се на теренот и се надеваме дека наскоро ќе се отстранат проблемите. Станува збор за околу 400 жители и проблем е што станува збор за старечко население. Проверуваме каква е ситуацијата, досега немаат проблеми со храна, имаат резерви и се надеваме дека наскоро ќе добијат електрична енергија. Инаку, во Македонски Брод се 50 населени места и немаме завеани села. Снег има околу 25 сантиметри, екипите и денеска расчистуват, во повисоките села може со теренско возило да се стигне. Немаме завеани и отсечени села, изјави Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.