среда, 1. мај 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во Прилеп одбележување на Денот на сеќавањето загинатите во Првата светска војна

Во Прилеп одбележување на Денот на сеќавањето загинатите во Првата светска војна

Амбасадата на Русија во Македонија во соработка со општина Прилеп и локалното здружение на Македонско-руско пријателство денеска ќе положат венци на споменикот на руските војници погребени на германските воени гробишта во Прилеп.

Настанот, како што е наведено во соопштението од руската Амбасада, се организира по повод Денот на сеќавањето загинатите за време на Првата светска војна, кој се одбележува и во Русија.  Во чест на загинатите војници ќе биде одржана и  панихида.