четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во пробиштипската населба Калниште се гради повеќенаменско игралиште

Во пробиштипската населба Калниште се гради повеќенаменско игралиште

Почна изградбата на игралиштето во населба Калниште кое, освен за футсал и кошарка, ќе се користи и за други намени.

Според градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, игралиштето ќе биде осветлено, а предвидена е и изградба на пешачка патека околу него, како и трибина на западната страна.

-Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и општина Пробиштип. Вкупниот буџет изнесува 10.615.000 денари, вели Анастасов.

Ова е првата фаза од проектот, додека со втората се планира изведба на фитнес зона за возрасни, детска зона со реквизити и зона за релаксација. (МИА)