петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Штип и Куманово полицијата казнила 79 возачи за брзо возење

Во Штип и Куманово полицијата казнила 79 возачи за брзо возење

Денеска (30.06.) во периодот од 07 до 11 часот на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 79 возачи, од кои 41 на територија на СВР Штип, а 38 на територија на СВР Куманово.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.