петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во штипското Инфективно одделение има уште два слободни болнички кревети

Во штипското Инфективно одделение има уште два слободни болнички кревети

Два слободни кревети за ковид пациентите има во штипското Инфективно одделение. Според здравствениот билтен на Клиничка болница – Штип во последните 24 часа бројот на новопримени е за трипати поголем од бројот на оздравени пациенти, пишува Слободен печат.

Во изминатото деноноќие новопримени се девет пациенти, а дома си заминале само тројца. Со ова бројот на хоспитализирани на Инфективното одделение во Штип е 56, од кои 44 се на постојана кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 16 пациенти. Нема починати лица во изминатите 24 часа, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Со полнење на капацитетите на Инфективното одделение, се размислува и за отворање и на модуларната ковид болница во Кочани. Ковид пациентите од Кочани се препраќаат на болничко лекување во Штип, но капацитетите веќа се речиси полни, а кадар за отворање на модуларната болница во Штип нема, бидејќи околу 20 здравствени работници се заразени со коронавирусот и се во изолација.