вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Струга гласаат 23 болни и изнемоштени лица

Во Струга гласаат 23 болни и изнемоштени лица

Дваесет и три болни, стари и изнемоштени лица денеска почнаа да гласат на 16 избирачки места во Струга за референдумот.

Во општина Струга право на глас имаат 60.169 лица на 101 избирачко место.

Претседателот на Општинската изборна Комисија Бледар Зиба за МИА информира дека сите избирачки места се подготвени за утрешниот референдум и денеска го делат гласачкиот материјал.

– Општинската изборна комисија во Струга е подготвена за утрешниот референдум.  Во четвртокот го примивме материјалот од ДИК, вчера го подготвивме и денеска го делиме. Во градот е речиси поделен, а во тешко пристапните села се уште се носи, изјави Зиба.

Во Вевчани гласањето ќе се реализира во три избирачки места, каде право на глас имаат 2.038 вевчанци од кои нема пријавено ниту еден болен или изнемоштен за предвреме да го оствари правото на глас.

Претседателката на Општинската изборна комисија Параскева Гогоска Кукоска изјави дека се е подготвено за референдумот.

МИА