недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Струмичко и Радовишко нема настава, во градинките делумно се примаат деца

Во Струмичко и Радовишко нема настава, во градинките делумно се примаат деца

Наставниците и професорите се на работа, но настава не се одржува во основните и средните училишта во Струмичко и Радовишко, додека во градинките некаде се примаат деца, некаде не, односно вработени во тие установи се поделени околу штрајкот, кој почна денес во образовните институции и градинките во државата.

Според Никола Џорлев, претседател на Регионалниот одбор на СОНК за Струмица и Радовиш, штрајкот се одвива во сите училишта, додека во дел од градинките, иако вработените се изјасниле за организирање штрајк, се згрижуваат децата.

-Во училиштата во овој регион нема никакви притисоци, додека во градинките имаше, но сега нема. Оставено е на вработените сами да одлучат дали ќе работат или не. Морам да истакнам дека се донесе одлука за штрајк на барање на вработените, па дури и од тие што не се членови на СОНК, изјави Џорлев.

Во Струмичко и Радовишко има над три илјади вработени во основните и средните училишта и во градинките, додека членови на СОНК се околу 1.500.