петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во тек се уписи во штипските средни училишта

Во тек се уписи во штипските средни училишта

Во тек е третото пријавување за уписи во прва година на ученици во штипските средни училишта. Според анализите на раководителот на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева најмалку слободни места се останати во медицинското училиште, само четири слободни места во струката Забен техничар, а речиси полно е и во СОУ „Коле Нехтенин“, каде слободни места има во неколку повеќе профили, со исклучок на Информатичката струка. Повеќе слободни места има во гимназијата „Славчо Стојменски” и во текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“.

Пријавувањето е отворено до полноќ, а потребната документација во училиштата се доставува утре. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето ќе се објави на 23 август.

-Сѐ уште има места за упис на ученици коишто не се запишале во првиот уписен рок, меѓутоа не во сите училишта. Во некои веќе е исполнета бројката, така што можеме да кажеме дека во СОУ „Јане Сандански“ има само четири слободни места и тоа во струката Забен техничар, додека другите останати профили се пополнети. Во СОУ „Коле Нехтенин“ има место во повеќе струки, освен во информатичката струка, односно два класа по информатика, каде се пополнети сите места и во угостители имаме само уште две места. Во Гимназијата и во Средното текстилно училиште има места за ученици коишто се заинтересирани да се запишат, изјави Санева од Одделението за образование при Општина Штип.

Меѓутоа, и годинава училишта бараат формирање паралелки со помал број ученици. Вкупно 96 паралелки во петте основни и четирите средни училишта ќе бидат со помал број ученици. Од вкупниот број, 82 се во основните училишта, а 14 во средните. Од средните најмногу бара гимназијата, вкупно седум паралелки, а најмалку Медицината, само една. Од основните училишта, најмногу паралелки со помал број ученици се бара во ООУ „Гоце Делчев“.

Инаку, по првото и второто пријавување во средните училишта се запишаа нешто повеќе од 450 ученика. Најмногу од нив, околу 180, беа запишани во СОУ „Коле Нехтенин“, а најмалку, дваесетина, во средното текстилно училиште.