Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес веќе една недела изведува активностите за прво ларвицидно теренско – третирање од земја, против ларви од комарци.
Како што информираат од Општина Велес, теренското третирање од земја против ларви од комарци се врши на територија од седум хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание се посветува на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување.
По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје, и согласно елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, се третираат крајбрежјето на езерото „Младост“, делот „Јарбош“, Градскиот парк, Стадион, Младински парк, по течението на реката Вардар, реонот на потокот, градските фонтани.
Третманот се врши со препаратот „Биопрен“ 4 ГР, ларвицид за комарци во вид на гранули, кој се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени.
Средството во вид на гранули се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.
Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, и е предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2023 година.