вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во велешкиот регион нема африканска чума, ветеринарните екипи континуирано ја следат состојбата на терен

Во велешкиот регион нема африканска чума, ветеринарните екипи континуирано ја следат состојбата на терен

Ветеринарните екипи редовно се на терен во велешкиот поширок регион во општините Велес, Градско и Чашка и вршат клинички прегледи кај свињите и кај одгледувачите на свињи по фармите и кај поеденичните одгледувачи во селата. Засега состојбата е стабилна и болеста не е констатирана во овој регион, информира за МИА, д-р Диме Димитриевски ветеринар и директор на Ветеринарната станица Велес.

-Но поради присуството на болеста африканска чума во соседните земји, редовно ја следиме состојбата кај свињите и сме во постојан контакт со одгледувачите. Но загрижува фактот што не знаеме каква е состојбата со дивите свињи. Тие лесно можат да ја пренесат болеста, но засега немаме информации од ловечките здруженија, потенцира д-р Димитриевски.

Тој појаснува дека нивните екипи по фармите и кај индивидуалните одгледувачи на свињи ги контролираат условите во кои се одгледуваат свињите и биосигурносните мерки во одгледувалиштата.

Воедно нивните ветеринарни екипи на поширокиот велешки регион континуирана се на терен и вадат крв за испитување на болеста бруцелоза кај овците и говедата. Притоа, констатирано е дека кај овците и говедата нема бруцелоза.

Ветеринарните екипи испитуваат и присуство на туберколоза кај говедата. Воедно вршат и редовен годишен попис на стоката во овој регион, а конечната бројка ќе се знае до крајот на септември.

Од увидот на терен ветеринарите констатирале дека бројот на стоката од година во година за жал е во драстично опаѓање.