Второ авионско прскање против комарци на териториите на општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово е најавено за утре од 4:30 до 9:30 часот.
Средството со кој ќе се третираат комарците нема да биде штетно за почвата, водата и луѓето, но се предупредуваат граѓаните, особено пчеларите, утре да преземат соодветни заштитни мерки и во периодот на авиопрскањето да ги затворат пчелите.
Ако временските услови во наведениот период бидат непогодни, авиопрскањето ќе се изврши наредниот ден во истиот временски термини.