Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (15.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кочани.
Санкционирани се 129 возачи, од кои 53 возеле со брзина поголема од дозволената, возење без возачка дозвола 8, возење под дејство на алкохол шест, нерегистрирани возила 17, а санкционирани се и 10 неисправни возила што вршат јавен превоз од вкупно 19 колку што се упатени на вонреден технички преглед, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Кочани.