Во интервал од 13 до 15 часот, општинските изборни комисии од Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран пријавија десет отсто поголема излезeност на гласачите на предвремените парламентарни избори.
Во општина Гевгелија излезеноста изнесува 44,02 отсто, поточно до 15 часот на гласање излегле 8.424 граѓани на 37 избирачки места. Десеттина отсто поголема излезност има и во општина Валандово каде до 15 часот гласале 3.502 граѓани или 35,33 отсто, во општина Богданци правото на глас го искористиле 2.236 граѓани или 33,34 отсто и во општина Дојран на гласање излегле 924 граѓани што претставува излезеност од 37 отсто.
Гласањето на предвремените парламентарни избори во четирите општини од југоистокот се одвива без нарушувања на изборниот процес со доследна примена на мерките од здравствениот протокол за заштита од ширење на коронавирусот. (МИА)