На локалните избори за општина Радовиш, ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со добро познати лица помеѓу радовишани. Како кандидат за градоначалник е познатиот бизнисмен Ацо Ристов, додека за носител на советничката листа е докторката Моника Ристевска.
Ацо Ристов е дипломиранелектро инжинер, експерт во областа на енергетиката и елекрто инжинерството, со повеќе од 30 годишно искуство допринесува за развој на многу бројни иновативни и одржливи проекти во Македонија и странство.
На радовишани, Ристов им е познат како успешен претприемач и стопанственик. Сопственик е на компанијата Алфа инжинеринг која веќе постои повеќе од 20 години.
Исто така освен компанијата Алфа, Ацо Ристов е и основач на Хотел Бел Камен, кој се наоѓа на планината Пљачковица. Добитник на бројни признанија и награди.
Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ, според нашите информации во Радовиш ќе биде д-р. Моника Ристова.
Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде доктор Моника Ристевска Таа е доктор по општа медицина, вработена во брзата помош во Радовиш, специјализат по психијатрија,
Рестеска е претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и советник во советот на општина Радовиш од 2017-2021, и претседателка на здравствената комисија во советот на општина Радовиш.
Радовишани сметаат дека со новите лица преставени од опозицијата, Радовиш ќе добие нов лик, поинаков и помодерен град.