Денеска (18 ноември) во периодот од 10 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата, во која вкупно се откриени и санкционирани 62 пречекорувања на максимално дозволената брзина (Те-42 и ГВ-20).
Три од пречекорувањата биле за над 70 километри на час (ТЕ-2 и ГВ-1), а 23 од 50 до 70 километри на час над дозволеното. Покрај ова , санкционирани се и 9 пречекорувања во населено место(ТЕ-6 и ГВ-3), од кои 1 (ТЕ) за 50 километри на час.Санкционирани, исто така, се и 5 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ2 и ГВ-3).